Стар Завет

Нов Завет

Неемија 7:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Еве препис од исправата што царот Артаксеркс му ја даде на свештеникот Езра, книжевник вешт во наредбите и законите, кои Господ му ги даде на Израел:

12. „Артаксеркс, цар на царевите, на свештеникот Езра, писар на Законот на небесниот Бог, потполн мир.

13. Еве ги моите повелби: Секој во моето царство, од израелскиот народ, од неговите свештеници или од неговите левити, кој сака да тргне за Ерусалим, може да дојде со тебе.

14. Освен тоа, те праќа царот, и неговите седум советници, да ги прегледаш Јудеја и Ерусалим според Законот на твојот Бог, што ти е во раката,

15. и да ги однесеш среброто и златото, што царот и неговите седум советници доброволно Му принесуваат на Израелевиот Бог, Кој живее во Ерусалим,

Прочитајте целосна глава Неемија 7