Стар Завет

Нов Завет

Неемија 5:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Во тоа време дојде кај нив Татнај, управител оттаде Реката, Сетар-Воснај и нивните другари пратеници и ги прашаа: „Кој ви одобри да го градите овој Храм и да ги подигате овие ѕидови?

4. Како се викаат луѓето, кои ја изградија оваа зграда?”

5. Но Божјото око бдееше над јудејските старешини, па не им забранија да работат додека веста не отиде до Дариј и додека не стигна писмен одговор за тоа.

6. Ова е препис на писмото, што му го испратија на царот Дариј: „Татнај, управител од онаа страна на Реката, Сетар-Воснај и нивните другари пратеници, оттаде Еуфрат.”

7. Тие му испратија извештај со оваа содржина: „На царот Дариј секаков мир!

8. Царот нека знае дека дојдовме во покраината Јудеја кај Домот на великиот Бог: го градат со крупни камења, ѕидовите ги обложуваат со дрво; работата се изведува внимателно и напредува во нивните раце.

Прочитајте целосна глава Неемија 5