Стар Завет

Нов Завет

Неемија 4:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога Јудините и Венијаминовите непријатели чуја дека повратниците од пленство Му градат Светилиште на Господа, Израелевиот Бог,

2. ги побараа Зоровавела, Исуса и семејните главатари и им рекоа: „Ние сакаме да градиме со вас, зашто, како и вие, Го бараме вашиот Бог и Нему Му принесуваме жртви од времето на Есар Адон, асириски цар, кој нè доведе тука.”

3. Зоровавел, Исус и главатарите на израелските семејства им одговорија: „Не е за вас да Му градите со нас Дом на нашиот Бог: Ние сами ќе Му градиме на Господа, Израелевиот Бог, како што ни нареди Кир, персискиот цар.”

4. Тогаш народот на онаа земја ги плашеше луѓето на Јудеја и им пречеше во градењето.

5. Ги поткупија советниците да им пречат во замислата: така беше во времето на персискиот цар Кир сè до царувањето на персискиот цар Дариј.

6. А кога се зацари Ахашверош, во почетокот на неговото царување, напишаа обвинение против жителите на Јудеја и Ерусалим.

7. И во времето на Артаксеркс, му пишуваа Вислам, Митредат, Тавеил и другите нивни другари на персискиот цар Артаксеркс против Ерусалим. Поднесокот беше напишан на арамејско писмо и на арамејски јазик.

Прочитајте целосна глава Неемија 4