Стар Завет

Нов Завет

Неемија 3:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тогаш Исус, синот Јоседеков, со своите браќа свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, со своите браќа, почнаа да Му градат жртвеник на Израелевиот Бог, за да принесуваат паленици, како што е напишано во Законот на Мојсеј, Божјиот човек.

3. И подигнаа жртвеник на старото место - иако беа во страв од народот во земјата - и Му принесуваа паленици на Господа, утрински и вечерни паленици;

4. и го славеа празникот Сеници, како што е пишано: принесуваа секојдневно паленици на број одреден за секој ден.

5. Освен тоа принесуваа секојдневни паленици, потоа жртви одредени за млади месечини, и за сите Господови празници, и за сите оние, кои сакаа доброволно да Му жртвуваат на Господа.

6. Од првиот ден на седмиот месец почнаа да Му принесуваат на Господа жртви паленици, иако уште не беа поставени основите на Господовото Светилиште.

7. И им дадоа сребро на каменоресците и на дрводелците; на Сидонците и Тирците им испратија храна, пиење и масло, за да превезат кедрови дрва од Ливан до Јафа според одобрението на персискиот цар Кир.

8. А во втората година по нивното доаѓање при Божјиот Дом во Ерусалим, во вториот месец откако Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јоседеков, со другите свои браќа свештеници, со левитите и со сиот народ, што се врати од ропство во Ерусалим, почнаа да градат, ги поставија левитите од дваесет години нагоре да управуваат со работите околу Господовиот Дом.

9. Исус, неговите синови и неговите браќа Кадмиел, Бинуј и Ходавја беа поставени, како еден, да управуваат со работниците во градењето на Божјиот Дом.

10. Кога ѕидарите ги поставија основите на Господовото Светилиште, се поставија свештениците во свечени облеки, со труби, а исто и левитите, синовите Асафови, со кимвали, да Го слават Господа според одредбите на Давида, Израелевиот цар.

11. И Му пееја на Господа фала и слава: „Зашто е благ, зашто е довека Неговата милост кон Израел.” И сиот народ воскликнуваше славејќи Го Господа, зашто Господовиот Дом беше поставен врз своите основи.

12. Навистина, мнозина свештеници, мнозина левити, и главатари на татковските домови и старешини, кои со свои очи ги видоа основите на поранешниот Храм, плачеа гласно, а мнозина пак воскликнуваа многу гласно од радост.

13. И така никој не можеше да го разликува радосното воскликнување од плачот на народот; зашто народот воскликнуваше гласно, и викањето се слушаше многу далеку.

Прочитајте целосна глава Неемија 3