Стар Завет

Нов Завет

Неемија 2:59-67 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

59. Оние кои тргнаа од Тел Мелах, Тел Арис, Херув, Адан, Имер, а не можеа да докажат дали нивниот дом и нивното семе е од израелско потекло:

60. Делаини синови, Товини синови, Некодини синови - нив шест стотини педесет и два.

61. А од свештеничките синови: Аваини синови, Акосови синови, синовите на Верзелај - на оној, кој зеде за жена една ќерка на Галадецот Верзелај па се нарече со тоа име.

62. Тие ги бараа своите родословни пописи, но не ги најдоа. Беа одлачени од свештенството.

63. И намесникот им забрани да јадат од светините сè додека не се појави свештеник за Урим и Тумим.

64. Сиот собор броеше четириесет и две илјади триста и шеесет души,

65. не сметајќи ги нивните слуги и слугинки, кои беа седум илјади триста и седум. Беа и двеста певци и певици.

66. Нивни коњи имаше седум стотини триесет и шест, нивни мазги двеста четириесет и пет,

67. камили имаше четири стотини триесет и пет, а нивни ослиња вкупно шест илјади седум стотини и дваесет.

Прочитајте целосна глава Неемија 2