Стар Завет

Нов Завет

Наум 3:3-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. коњаниците јаваат, мечевите блескаат, копјата светкаат, многу ранети, мнозинство мртви, трупови до недоглед, се сопнуваат на трупови!

4. Тоа сето е заради многуте разврати на блудницата, на милата љубовница, господарката на магии, која со својот разврат ги продава народите и племињата со своите вражања.

5. „Еве Ме! Против тебе,” говори Господ над Војските. „Ќе ги подигнам, преку твоето лице, скутовите на твојата облека, ќе им ја покажам твојата голота на народите, твојот срам на царствата.

6. Ќе фрлам смет врз тебе, ќе те засрамам, ќе те ставам за приказ.

7. Секој кој ќе те види, ќе бега од тебе, и ќе рече: ‘Нинивија, каква урнатина! Кој може да ја пожали?’ Каде да барам тешители за тебе?”

8. Зар не си подобра од Амоновата Теба, која лежеше меѓу водите на Нил, со води опкружена, морето беше нејзин пред ѕид водите беа нејзин ѕид?

9. Нејзина сила беше Етиопија, и Египет; немаше граници. Фут и Ливија и беа помошници.

10. Но сепак заробена, таа отиде во ропство; и нејзините младенци беа здробени по сите раскрсници; за нејзините угледни луѓе фрлаа жрепка, сите нејзини големци оковани се во вериги.

11. Така и ти ќе се опијаниш, ќе се сокриеш, и ќе бараш засолниште од непријателите.

12. Сите твои тврдини се како смоквите со рани зрели плодови; ако се стресат, тогаш паѓаат во устата на оној, кој сака да ги јаде.

13. Ете, твојот народ среде тебе се како жени, портите на твојата земја ќе бидат ширум отворени пред непријателите твои, огнот ги изгоре твоите резиња.

Прочитајте целосна глава Наум 3