Стар Завет

Нов Завет

Наум 3:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Нацрпи си вода за опсадата, зацврсти ги своите утврди, влези во калта, гази ја глината, земи калап за плитар.

15. Таму оган ќе те проголта и мечот ќе те истреби; ќе те изеде како скакулците. Множи се како бубачки, множи се како скакулци.

16. Ги умножи твоите трговци, повеќе од ѕвездите на небесата. Но младите скакулци се свлекуваат и одлетнуват.

17. Твоите кнезови се како скакулци, а военачалниците како рој скакулци, што седат по ѕидовите кога е студено, но кога сонцето ќе огрее, одлетнуваат и нивното место не се познава каде биле.

18. Твоите пастири спијат о, царе асирски; твоите моќници лежат, твојот народ се распрсна по горите, никој веќе не може да го собере.

19. Нема оздравување за твојата повреда, твојата рана е неизлечива. Сите, што ќе чујат за тебе, ќе плескаат раце над тебе, зашто врз кого ли не премина твојата злоба постојано?

Прочитајте целосна глава Наум 3