Стар Завет

Нов Завет

Наум 3:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тешко му на крвничкиот град, полн е со лаги и грабеж; тој не прекратува со ограбувањето!

2. Слушајте! Плускање на бич; слушајте! Тропање на колца; коњите се издигаат, колите потскокнуваат,

3. коњаниците јаваат, мечевите блескаат, копјата светкаат, многу ранети, мнозинство мртви, трупови до недоглед, се сопнуваат на трупови!

4. Тоа сето е заради многуте разврати на блудницата, на милата љубовница, господарката на магии, која со својот разврат ги продава народите и племињата со своите вражања.

5. „Еве Ме! Против тебе,” говори Господ над Војските. „Ќе ги подигнам, преку твоето лице, скутовите на твојата облека, ќе им ја покажам твојата голота на народите, твојот срам на царствата.

6. Ќе фрлам смет врз тебе, ќе те засрамам, ќе те ставам за приказ.

7. Секој кој ќе те види, ќе бега од тебе, и ќе рече: ‘Нинивија, каква урнатина! Кој може да ја пожали?’ Каде да барам тешители за тебе?”

Прочитајте целосна глава Наум 3