Стар Завет

Нов Завет

Наум 2:3-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Штитовите на неговите јунаци се црвенеат, неговите воини се во црвено сукно; бојните коли блескаат како железни гламни, во денот кога се подготвува; копјата се брануваат.

4. Бојните коли беснеат по улиците, летаат удирајќи се една со друга, изгледаат како гламни, како молњи, само светкаат.

5. Си спомнува за неговите моќници, се сопинат во одот, итаат бргу кон нејзините ѕидови, опсадата веќе е поставена.

6. Се отворат портите од реките, палатите се растопија.

7. Таа која стоеше тврдо, беше свлечена и одведена, нејзините робинки цвилат како гласот на гулабите, се удираат во гради.

8. Нинивија во своите дни беше како базен полн со вода, тие бегаат сега. „Застанете, застанете!” Но никој не се завртува.

9. „Грабете сребро, грабете злато.” Му нема крај на благото, изобилство на скапоцености!

10. Ограбена е, напуштена, разурната е таа. Срцето се топи, колената треперат, измачување во секое бедро, на сите лицата им се побледени.

11. Каде е јамата на лавовите и местото каде лавчињата се хранат? Кога лавот и лавицата и малите лавчиња одеа, никој не ги плашеше.

12. Лавот раскинуваше доволно за своите лавчиња, давеше за својата лавица; ги полнеше со плен своите пештери, со лов, своите јами.

13. „Еве Ме! Против тебе,” говори Господ над Воинствата. „Ќе ги изгорам во дим твоите бојни коли, мечот ќе ги проголта твоите лавчиња. Ќе ги истребам од земјата твоите грабежи и не ќе се чуе веќе викот на твоите гласници.”

Прочитајте целосна глава Наум 2