Стар Завет

Нов Завет

Михеј 7:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. И најдобриот меѓу нив е како трн, најправедниот како трнлив плет. Денот на твоите чувари, и денот на твоите посетители пристигна, сега ќе биде нивната збунетост.

5. Немајте надеж на ближниот, не верувајте во пријателот; пред онаа која со тебе ја дели постелата, внимавај да не ја отвориш устата.

6. Зашто синот го презира својот татко, ќерката станува против мајката, снаата против својата свекрва, секому е непријател неговиот домашен.

7. А јас, јас сум загледан кон Господа, чекам на Бог Кој спасува, мојот Бог ќе ме послуша мене.

8. Не радувај се на моето зло, непријателко моја, ако паднав, ќе станам; ако престојувам во темнини, Господ е моја светлина.

9. Треба да ја поднесувам Господовата лутина, зашто згрешив против Него, сè додека не го пресуди мојот спор и не ја изрече правдата; ќе ме изведе на светлина, ќе ја гледам Неговата праведност.

10. Кога ќе здогледа мојата непријателка, ќе се покрие од срам таа која ми зборуваше: „Каде е Тој, Господ, твојот Бог?” Моите очи ќе се насладуваат кога ќе ја здогледам: таа ќе биде згазена како кал на патот.

Прочитајте целосна глава Михеј 7