Стар Завет

Нов Завет

Михеј 7:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. „Како во деновите кога излезе од Египетската Земја, ќе им покажам чудесни работи.”

16. Народите ќе ги видат, и ќе бидат засрамени покрај сета своја сила; ќе ја стават раката на устата, и ушите ќе им се заглушат.

17. Ќе лижат прав како змија, како ползачи што лазат по земјата. Ќе излезат треперејќи од своите дувла, преплашени и исплашени пред Тебе.

18. Кој Бог е како Ти Кој го проштава беззаконието, Кој го проштава гревот и преминува преку престапите на Остатокот на Своето наследство, Кој не дотраја довека во Својот гнев, туку Тој ужива да искажува милост.

19. Уште еднаш, имај милост за нас! Сотри ги нашите беззаконија, фрли ги на дното на морето сите наши гревови!

20. Додели му ја Својата верност на Јакова, Својата добрина на Авраама, како што им се заколна на нашите татковци од дамнешни денови.

Прочитајте целосна глава Михеј 7