Стар Завет

Нов Завет

Михеј 7:12-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Во тој ден ќе доаѓаат кај тебе од Асирската Земја до Египет, од Тир до Реката, од море до море, од гора до гора.

13. Земјата ќе стане пустина заради своите жители, заради нивните дела.

14. Паси го Својот народ со Својот жезол, стадото на Своето наследство, кое живее осамено во грмушникот, сред плодни овошници. Нека пасе во Васан и во Галад, како во стари времиња!

15. „Како во деновите кога излезе од Египетската Земја, ќе им покажам чудесни работи.”

16. Народите ќе ги видат, и ќе бидат засрамени покрај сета своја сила; ќе ја стават раката на устата, и ушите ќе им се заглушат.

17. Ќе лижат прав како змија, како ползачи што лазат по земјата. Ќе излезат треперејќи од своите дувла, преплашени и исплашени пред Тебе.

18. Кој Бог е како Ти Кој го проштава беззаконието, Кој го проштава гревот и преминува преку престапите на Остатокот на Своето наследство, Кој не дотраја довека во Својот гнев, туку Тој ужива да искажува милост.

19. Уште еднаш, имај милост за нас! Сотри ги нашите беззаконија, фрли ги на дното на морето сите наши гревови!

Прочитајте целосна глава Михеј 7