Стар Завет

Нов Завет

Михеј 7:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тешко ми мене! Станав како оние што собираат летен плод, како доберувач по гроздоберот; нема зрно грозје да го позобам, нема смоква-ранка по која копнее душата моја!

2. Побожниот исчезна од земјата, ниеден праведник меѓу луѓето! Сите дебнат за крволеење, секој му поставува мрежа на својот брат.

3. Нивните раце способни се за зло: главатарот бара подарок, судијата суди според поткупот големецот ја искажува похотливоста на својата душа, така тие, заедно го ткаат злото.

4. И најдобриот меѓу нив е како трн, најправедниот како трнлив плет. Денот на твоите чувари, и денот на твоите посетители пристигна, сега ќе биде нивната збунетост.

5. Немајте надеж на ближниот, не верувајте во пријателот; пред онаа која со тебе ја дели постелата, внимавај да не ја отвориш устата.

6. Зашто синот го презира својот татко, ќерката станува против мајката, снаата против својата свекрва, секому е непријател неговиот домашен.

7. А јас, јас сум загледан кон Господа, чекам на Бог Кој спасува, мојот Бог ќе ме послуша мене.

8. Не радувај се на моето зло, непријателко моја, ако паднав, ќе станам; ако престојувам во темнини, Господ е моја светлина.

Прочитајте целосна глава Михеј 7