Стар Завет

Нов Завет

Михеј 4:5-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Зашто сите народи одат, секој во име на својот бог, а ние, ние одиме во Името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека.

6. „Во оној ден - говори Господ - ќе ги соберам хромите, ќе ги приберам распрснатите и сите на кои што им нанесов беда.

7. Од хромите ќе направам Остаток, силен народ од оние што се отфрлени. Тогаш Господ ќе владее над нив на гората Сион од сега и довека.

8. И ти Стражарнице на стадата, Тврдино на Сионската Ќерка, пак ќе ти се врати тебе поранешната власт, царството на Ерусалимската Ќерка.”

9. Зошто сега викаш со силен глас? Нема ли цар во тебе? Зар пропаднаа твоите советници да те опфаќаат болките како родилка?

10. Виткај се од болка и пискај, Сионска Ќерко, како жена што раѓа, зашто сега ќе излезеш од градот и ќе живееш во полето. Ти ќе отидеш до Вавилон, таму ќе се ослободиш, таму ќе те откупи Господ од рацете на твоите непријатели.

11. А сега многу народи се собраа против тебе. Тие зборуваат: „Нека се обесчести, нашите очи нека се наситат со Сион!”

12. Но Господовите мисли тие не ги знаат и не ги разбираат Неговите намери; Тој ги собра како снопје на гумно.

13. „Стани! Оврши го житото, Сионска Ќерко, зашто ти правам железен рог и бронзени копита, и ќе сотреш многу народи; ќе му го заветуваш на Господ нивното благо и нивното богатство на Господарот на сета земја.”

Прочитајте целосна глава Михеј 4