Стар Завет

Нов Завет

Михеј 4:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ќе се случи на крајот на деновите: Гората на Господовиот Дом ќе биде поставена над сите гори, возвишена над сите брегови.

2. Сите народи ќе одат кон неа, многу племиња ќе дојдат и ќе речат: „Ајде, да се искачиме на Господовата Гора, во Домот на Јакововиот Бог! Тој ќе нè научи на Своите патишта, и ќе одиме по Неговите патеки.” Зашто Законот ќе излезе од Сион, Господовото слово од Ерусалим.

3. Тој ќе управува со многу племиња и ќе им биде Судија на силните народи. Своите мечеви ќе ги исковаат во паличници, а своите копја во српови. Народ не ќе дига меч против народ, ниту веќе ќе се вежбаат за војна.

4. Секој ќе седи мирно под виновата лоза, и под својата смоква, и никој не ќе го плаши. Тоа го рече устата на Господ над Војските.

5. Зашто сите народи одат, секој во име на својот бог, а ние, ние одиме во Името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека.

Прочитајте целосна глава Михеј 4