Стар Завет

Нов Завет

Михеј 3:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. И така, чујте го ова, главатари на Јакововата куќа, судии на Израелевиот дом, вие на кои им се гади правдата, та извртувате сè што е правилно!

10. Вие кои го градите Сион со крв и Ерусалим со неправда!

11. Неговите главатари судат според поткупот, неговите свештеници поучуваат заради печалба, неговите пророци претскажуваат за сребреници. А тие се повикуваат на Господа и зборуваат: „Нели е Господ во наша средина? Не ќе навали зло на нас”.

12. Заради вас и вашата вина Сион ќе биде преорано поле, Ерусалим урнатина, а Гората на Домот ќе ја покрие шума.

Прочитајте целосна глава Михеј 3