Стар Завет

Нов Завет

Михеј 1:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Не јавувајте го тоа во Гат, не плачете воопшто! во Вит-Афра, тркалајте се во прав!

11. Заминувај срамно разголена сафирска жителке! Од својот град не излезе сананската жителка! Оплакувањето на Вет-Езил ќе ја зема поткрепата од вас.

12. Како може да и се надева на среќата маротската жителка? Зашто несреќата слегува од Господ сè до Ерусалимската Врата.

13. Впрегнете брзи коњи во бојни коли, лахиски жителки! Тоа беше почеток на гревот на Сионската Ќерка, зашто во тебе се најдоа Израелевите злосторства.

14. Затоа ќе му дадеш проштални дарови на Моресет-Гат, ахсивските домови ќе ги измамат израелските цареви.

15. Уште ќе ти доведам наследник жителке на Марис, ќе стигне до Одолам Израелевата слава.

16. Корни ја косата и истрижи се заради своите мили деца! Стани ќелава како орелот мршар, зашто ќе одат далеку од тебе во ропство.

Прочитајте целосна глава Михеј 1