Стар Завет

Нов Завет

Малахија 2:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А сега ви заповедам, свештеници!

2. Ако не послушате, ако не земете на срце да Го прославите Моето Име - зборува Господ над Воинствата - ќе испратам клетва врз вас и ќе го проколнам вашиот благослов, и веќе го проколнав зашто не го зедовте тоа на срце.

3. И ќе ви ја скршам раката, ќе ви фрлам нечистота во лицето, нечистотата на вашите празници, и ќе ве отстранам заедно со нив.

4. По тоа ќе знаете: тоа беше Моја опомена, за да остане Мојот Завет со Левиј - зборува Господ над Војските.

5. А Мојот Завет со нив беше Завет на живот и мир - Јас му ги дадов: за страв - и тој се плашеше од Мене, го почитуваше Моето име.

6. Законот на вистината беше во неговата уста, немаше вина на неговите усни; одеше по Мене во мир и справедливост и мнозина одврати од грев.

7. Да, свештениковите усни треба да го чуваат знаењето, а од неговата уста треба да се бара Законот: зашто тој е пратеник на Господа над Воинствата.

8. Но вие застранивте од патот, направивте мнозина да се сопнуваат од Законот, го изгазивте Левиевиот Завет - зборува Господ над Воинствата.

9. Затоа направив да ве презираат и да ве понижуваат сите народи, зашто не се држевте за Моите патишта, туку бевте пристрасни применувајќи го Законот.”

10. Немаме ли сите еден татко? Не нè создаде ли еден Бог? Зошто сме тогаш неверни еден на друг та го осквернуваме Заветот на своите татковци?

Прочитајте целосна глава Малахија 2