Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 9:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. му го дадоа и лојот од јунецот и од овенот, опашката, лојот околу внатрешноста, бубрезите и мрежичката на црниот дроб.

20. Откако го положи лојот на градите, го изгоре на жртвеникот.

21. А градите и десната плешка ги принесе како вртена жртва пред Господа, како што нареди Мојсеј.

22. А Арон ги подигна своите раце кон народот и го благослови. Откако ги принесе: жртвата за грев, паленицата и помирителната жртва, слезе.

23. Потоа Мојсеј и Арон влегоа во Шаторот на средбата. Кога излегоа го благословија народот. Господовата слава му се покажа на целиот народ.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 9