Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 9:14-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Ги изми внатрешноста и нозете, па и нив ги изгоре на жртвеникот над паленицата.

15. Потоа принесе принос од народот. Го зеде јарецот за грев што е за народот, го закла и го принесе како жртва за грев, како и поранешната.

16. И принесе паленица и ја принесе според уставот.

17. И принесе лебен принос, ја наполни раката од него и го изгоре на жртвеникот врз утринската паленица.

18. Потоа закла јунец и овен како помирителна жртва од народот. Ароновите синови му ја подадоа крвта, а тој го попрска жртвеникот од сите страни;

19. му го дадоа и лојот од јунецот и од овенот, опашката, лојот околу внатрешноста, бубрезите и мрежичката на црниот дроб.

20. Откако го положи лојот на градите, го изгоре на жртвеникот.

21. А градите и десната плешка ги принесе како вртена жртва пред Господа, како што нареди Мојсеј.

22. А Арон ги подигна своите раце кон народот и го благослови. Откако ги принесе: жртвата за грев, паленицата и помирителната жртва, слезе.

23. Потоа Мојсеј и Арон влегоа во Шаторот на средбата. Кога излегоа го благословија народот. Господовата слава му се покажа на целиот народ.

24. Оган излезе од пред Господа и ги изгоре паленицата и лојта. Целиот народ го виде тоа, воскликна од радост и падна на своето лице.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 9