Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 9:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На осмиот ден Мојсеј ги повика Арона и неговите синови и израелевите старешини,

2. и му рече на Арона: „Земи едно теле за жртва за грев и еден овен за паленица, двата без недостаток, и принеси ги пред Господа.

3. А на синовите Израелеви речи им вака: ‘Земете еден јарец за жртва за грев, теле и јагне годиначе, без недостаток, за паленица;

4. а јунец и овен за помирителна жртва за да ги жртвувате пред Господа; најпосле лебен принос, замесен со масло; зашто Господ ќе ви се јави денес.’”

5. Тие доведоа пред Шаторот на средбата што им нареди Мојсеј; сета заедница истапи напред и застана пред Господа.

6. „Ова е повелбата - рече Мојсеј - што Господ ја даде. Извршете ја, за да ви се покаже Господовата слава.”

7. Потоа Мојсеј му рече на Арона: „Пристапи кон народот, принеси ја твојата жртва за грев и твојата паленица; и направи покривање на гревот за себеси и народот, и принеси принос од народот, и направи покривање на гревот за него, како што Господ нареди.”

8. Арон му пристапи на жртвеникот и закла теле како жртва за својот сопствен грев.

9. Ароновите синови му донесоа крв, па го накваси својот прст во крвта и ја стави врз роговите на жртвеникот. Потоа ја излеа другата крв во подножјето на жртвеникот.

10. А лојот, бубрезите и мрежичката на црниот дроб од жртвата за грев ги изгоре на жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.

11. Месото и кожата ги изгоре во оган надвор од логорот.

12. И закла паленица, од која Ароновите синови му ја подадоа крвта. Тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.

13. Му ја дадоа и паленицата, дел по дел, а така и главата, и тој ја изгоре на жртвеникот.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 9