Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 8:25-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Па ги зеде: лојот, опашката, лојот што беше околу внатрешноста, мрежичката на црниот дроб, двата бубрега и нивниот лој - и десната плешка;

26. а од кошницата со пресни бесквасни лебови, што стоеше пред Господа, зеде една бесквасна погача, една кора со масло и еден колак и ги постави врз лојот и десната плешка.

27. Сето тоа го положи во Ароновите раце и во рацете на неговите синови, па го принесе тоа како вртен принос пред Господа.

28. И Мојсеј пак го зеде тоа од нивните раце и го изгоре на жртвеникот со паленицата; тоа беше жртва за посветување, за пријатен мирис, палена жртва на Господа.

29. Најпосле Мојсеј ги зеде градите и ги принесе како движен принос пред Господа: тоа беше Мојсеев дел од овенот за посветување, како што Господ му заповеда на Мојсеја.

30. Потоа Мојсеј зеде масло за помазание и од крвта што беше на жртвеникот, па ги попрска Арона и неговите облеки, а така и неговите синови и нивните облеки. Така ги посвети Арона и неговите облеки; неговите синови и нивните облеки.

31. Тогаш Мојсеј им рече на Арона и на неговите синови: „Сварете го месото при влезот на Шаторот на средбата и јадете го таму со лебот што е во кошницата за жртвата за посветување, како што наредив: нека го јадат Арон и неговите синови!

32. А што ќе остане од месото и од лебот, изгорете го во оган.

33. Седум дни не одете си од влезот на Шаторот на средбата до денот кога ќе се исполни времето за вашето посветување. Зашто се потребни седум денови за вашето посветување.

34. Како што се правеше денес, Господ нареди да се работи така и натаму за ваше покривање на гревот.

35. Затоа останете при влезот на Шаторот на средбата седум дни, дење и ноќе вршејќи што наредил Господ, за да не изумрете. Јас добив таква заповед.”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 8