Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 7:33-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. На оној Аронов син кој ќе ги принесува крвта и лојот од помирителната жртва нека му припадне во дел десната плешка.

34. Зашто Јас ги земам од Израелевите синови од нивните помирници: вртените гради и воздигнатите плешки, па им ги предавам на Арона и на неговите синови, како вечен закон од Израелевите синови.’”

35. Ова е приход на Арона и на неговите синови од жртвите палени во чест на Господа; им се доделуваат од оној ден, кога започнуваат да служат како свештеници пред Господа.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 7