Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 7:20-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. А кој би јал нечисто од месото на помирителната жртва, што Му беше принесена на Господа, да биде истребена таа душа од својот народ.

21. Кога некој ќе се допре до што и да е нечисто - било тоа да е човечка нечистота, некакво нечисто животно или каква и да е нечиста гадинка или какво и да е нечисто суштество - па изеде месо од помирница, што Му е принесена на Господа, таквиот нека биде откорнат од својот народ!’”

22. Господ му рече на Мојсеја:

23. „Речи им на Израелевите синови вака: ‘Не јадете лој ни волски, ни овчи, ни козји.

24. Лојот од животно што ќе пцовиса, или што дивите ѕверови ќе го раскинат, може да биде употребено за што и да е, но не смеете да го јадете.

25. Секој што јаде лој од животно, што може да Му биде принесено на Господа како паленица, таквиот нека биде откорнат од својот народ.

26. Не смеете да јадете крв ни од птици ни од добиток, ниту во едно од вашите живеалишта.

27. Секој што би јал било каква крв, нека биде откорнат од својот народ.’”

28. Господ му рече уште на Мојсеја:

29. „Кажи им на Израелевите синови: ‘Приносот на Господа од помирителната жртва треба да ја донесе оној кој Му ја принесува на Господа помирницата.

30. Со своите сопствени раце нека Му ја принесе на Господа жртвата паленица; нека ги принесе лојот и градите; градите да бидат вртени пред Господа.

31. Свештеникот нека го изгори лојот на жртвеникот, а градите нека им припаднат на Арона и на неговите синови.

32. Десната плешка од вашите помирителни жртви дајте му ја дар на свештеникот.

33. На оној Аронов син кој ќе ги принесува крвта и лојот од помирителната жртва нека му припадне во дел десната плешка.

34. Зашто Јас ги земам од Израелевите синови од нивните помирници: вртените гради и воздигнатите плешки, па им ги предавам на Арона и на неговите синови, како вечен закон од Израелевите синови.’”

35. Ова е приход на Арона и на неговите синови од жртвите палени во чест на Господа; им се доделуваат од оној ден, кога започнуваат да служат како свештеници пред Господа.

36. Господ заповеда да им се дава тоа, од денот кога ќе бидат помазани, како награда од Израелците. Тоа е трајна одредба за нивните поколенија.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 7