Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 6:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Нека биде зготвен во сад за пржење со масло. Донеси го добро наквасен и принеси Му го на Господа како пријатен мирис.

22. Така нека го зготви свештеникот, кој - од неговите синови - ќе биде помазан за да го наследи. Тоа е вечен закон. Тоа нека се изгорува цело за Господа!

23. Секој свештенички лебен принос треба да биде изгорен сосем; од него да не се јаде.”

24. Господ му рече уште на Мојсеја:

25. „Кажи им на Арона и на неговите синови: ‘Ова е закон за принос за грев: жртвата за грев нека биде заклана пред Господа на местото каде се коле жртва паленица - најсвета е!

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 6