Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 6:18-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Секое машко од Ароновото потомство може да го јаде тој дел од жртвите палени на Господа, и тоа е вечен закон за сите ваши поколенија: кој и да се допре до нив, ќе биде осветен.”

19. Господ му рече уште на Мојсеја:

20. „Арон и неговите синови, на денот на нивното помазание, нека Му го принесат на Господа овој принос: десетина ефа од чисто пченично брашно како редовен лебен принос, половина наутро, а половина навечер.

21. Нека биде зготвен во сад за пржење со масло. Донеси го добро наквасен и принеси Му го на Господа како пријатен мирис.

22. Така нека го зготви свештеникот, кој - од неговите синови - ќе биде помазан за да го наследи. Тоа е вечен закон. Тоа нека се изгорува цело за Господа!

23. Секој свештенички лебен принос треба да биде изгорен сосем; од него да не се јаде.”

24. Господ му рече уште на Мојсеја:

25. „Кажи им на Арона и на неговите синови: ‘Ова е закон за принос за грев: жртвата за грев нека биде заклана пред Господа на местото каде се коле жртва паленица - најсвета е!

26. Свештеникот кој ја принесува жртвата за грев нека јаде од неа; таа нека биде јадена на свето место, во дворот на Шаторот на средбата.

27. Секој што ќе се допре до нејзиното месо, ќе биде посветен; ако крвта ја испрска облеката, испрсканиот дел нека биде испран на свето место.

28. А садот од глина, во кој ќе биде варено месото, нека биде скршен; а ако биде варено во бронзен сад, нека се истрие и нека се измие со вода.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 6