Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 5:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ‘Ако згреши некој така, што чул зборови на колнење и бил сведок, или видел или знаел, па не соопштил, тој ќе ја носи вината врз себе;

2. или ако некој се допре до што и да било нечисто, мрша на нечист ѕвер, мрша на нечисто животинче или мрша на нечист влекач - и од незнаење стане нечист и виновен;

3. или ако некој се допре до човечка нечистота, или до што и да е од што се станува нечист, и не е свесен за тоа, кога ќе дознае, бидува одговорен.

4. Натаму, ако некој непромислено изусти заклетва на добро или зло - на што веќе човекот се заколнува непромислено - и не е свесен за тоа, тогаш, кога ќе дознае, станува виновен;

5. и така ако некој стане виновен во што и да е од тоа, нека се исповеда за вината

6. и нека Му принесе на Господа за својот грев, што го сторил, жртва за престап: едно женско од ситниот добиток, јагне или јаре, за грев, и свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев.’

7. ‘Ако не е во состојба да принесе овца, како надомест за направениот грев, нека Му принесе на Господа две грлици или две гулапчиња; едното како жртва за грев, а другото како паленица.

8. Нека ги донесе при свештеникот, а тој нека го принесе најнапред она што е одредено за жртва за грев. Откако ќе го притисне за вратот, нека му ја скрши шијата, но нека не ја откине главата.

9. Со крвта на жртвата за грев нека го попрска жртвеникот од страна, а другата крв нека ја исцеди во подножјето на жртвеникот: тоа е жртва за грев.

10. А другото нека го принесе како паленица, според прописот; и така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, со кој згрешил, и ќе му биде простено.’

11. ‘Ако неговите средства не му дозволуваат да набави две грлици или две гулапчиња, нека Му принесе на Господа, за тоа што згрешил, една десетина ефа чисто пченично брашно. Нека не турува масло на него ниту да става темјан на него, зашто е жртва за грев.

12. Кога ќе му го донесе тоа на свештеникот; свештеникот нека земе полн грст како спомен-жртва, и нека го изгори на жртвеникот како принос на Господа, над палениците: тоа е жртва за грев.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 5