Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 4:25-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Свештеникот нека земе со својот прст крв од приносот за грев, па нека ја стави на роговите на жртвеникот за паленици. А сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за паленици.

26. Сиот лој нека го изгори на жртвеникот како и лојот од помирителна жртва. И така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, и ќе му биде простено.’

27. ‘Ако некој од народот на земјата згреши од незнаење, правејќи нешто што Господ забранил и така согрешил,

28. тогаш, кога ќе му биде посочен престапот што го сторил, нека донесе женско јаре без недостаток како свој принос за гревот што го направил.

29. Нека ја положи својата рака на главата на жртвата за грев и нека ја заколе жртвата за грев на местото за паленици.

30. Свештеникот нека земе крв на својот прст и нека ја стави на роговите на жртвеникот за паленици. А сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот.

31. Потоа нека го извади сиот нејзин лој како што се вади лој од жртва помирница; па свештеникот нека го изгори на жртвеникот како благопријатен мирис на Господа. И така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, и ќе му биде простено.’

32. ‘Ако некој сака да доведе јагне како жртва за грев, нека доведе женско без недостаток.

33. Откако ќе ја положи својата рака на главата на приносот за грев, нека го заколе како жртва за грев на местото каде се колат паленици.

34. Тогаш свештеникот нека земе крв од жртвата за грев на својот прст па нека ја стави на роговите на жртвеникот за паленици. А сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот.

35. Потоа нека го извади сиот нејзин лој како што се вади лој од помирителна жртва, од јагне. Свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот како принос на Господа. И така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, што го сторил, па ќе му биде простено.’

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 4