Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 4:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Кажи им на Израелевите синови вака: ‘Ако некој и згреши од незнаење на која и да е Господова заповед и стори нешто што е забрането да се прави;

3. ако помазаниот свештеник согреши и навлече вина врз народот, тогаш за гревот што го сторил нека Му принесе на Господа едно грло крупен добиток, еден јунец без недостаток, како жртва за грев.

4. Нека го доведе јунецот пред Господа до влезот во Шаторот на средбата; нека ги положи своите раце на главата на јунецот и нека го заколе пред Господа.

5. Тогаш помазаниот свештеник нека ја земе крвта од јунецот и нека ја донесе во Шаторот на средбата.

6. И свештеникот нека го накваси својот прст во крвта и со крвта нека ја попрска седумпати предната страна на завесата на Светилиштето пред Господа.

7. Свештеникот нека ги помаже со крвта роговите на жртвеникот за благомирисливо кадење, што се дими пред Господа во Шаторот на средбата. Сета останата крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за паленици, што се наоѓа при влезот во Шаторот на средбата.

8. Нека ги извади од јунецот принесен за грев: лојот што ја обвиткува внатрешноста;

9. двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, мрежичката од црниот дроб; нека ја извади и неа со бубрезите;

10. онака како што се зема дел од вол за помирителна жртва. Потоа свештеникот нека ги изгори на жртвеникот како паленица.

11. Кожата од јунецот, сето негово месо, неговата глава, неговите нозе, внатрешноста и неговата нечистота

12. - целиот јунец - нека ги изнесе на чисто место надвор од логорот каде се истурува пепелта - и нека го изгори на оган од дрва; нека биде изгорен таму на пепелта.’

13. ‘Ако целата израелска заедница згреши од незнаење, сторувајќи нешто што Господ го забранил па ако така станат виновни, а не се свесни за вината,

14. тогаш, кога ќе се дознае за сторениот престап, општеството нека принесе еден јунец како жртва за грев. Нека го доведат пред Шаторот на средбата.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 4