Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 3:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И нека ги принесе од помирителната жртва, како паленица: маста што ја обвиткува внатрешноста, сето сало што е околу внатрешноста;

4. двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; и мрежичката што е на црниот дроб; нека ја извади и неа со бубрезите.

5. Потоа Ароновите синови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со паленицата, што ќе биде врз дрвата на огнот: тоа нека е жртва палена на Господа за пријатен мирис.’

6. ‘Ако некој Му принесува на Господа помирителна жртва од ситниот добиток, нека принесе без недостаток, било машко или женско.

7. Ако принесува јагне како дар, нека го принесе пред Господа.

8. Нека ја положи својата рака на главата на својата жртва и нека го заколе пред Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови нека ги испрскаат со неговата крв сите четири страни на жртвеникот.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 3