Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 27:26-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. ‘Но никој нека не заветува првородено од добиток. И така првината Му припаѓа на Господа, без оглед дали е од ситен или е од крупен добиток.

27. Ако биде од нечиста стока, може да биде откупена според твојата процена, додавајќи петина кон цената. Ако не биде откупена, нека биде продадена според проценувањето.’

28. Но ништо од „заветуваното”, од она што Му е заветувано на Господа, било тоа да е човек или животно или негово наследено земјиште; ништо што човек Му Го посветил со завет на Господа, не може ни да се продаде ниту да се откупи. Сè што е заветувано е најголема Господова светина.

29. Ниеден човек, над кого е изречено проклетство, не смее да се откупува: треба да биде погубен.’

30. ‘Секоја десетина од земјата, од полските посеви и од плодовите на дрвата, Му припаѓа на Господа; тоа е Господова светина.

31. Ако некој сака да откупи нешто од својот десеток, кон тоа треба да додаде една петина од цената.

32. Секој десеток од крупниот и од ситниот добиток, односно секое десетто што поминува под пастирскиот стап, нека Му биде посветено на Господа.

33. Нека не се гледа дали е добро или е лошо; и нека не се заменува. Сепак ако се замени, тогаш нека биде свето и едното и другото, и не смее да се откупува.’”

34. Тоа се заповедите што Господ му ги даде на Мојсеја за Израелевите синови на Синајската Гора.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 27