Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 27:20-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Ако не ја откупи нивата, туку ја продаде на друг, не може веќе да ја откупува.

21. Кога полето ќе биде ослободено во јубилејната година, нека Му биде посветено на Господа како заветувано поле и нека стане свештеникова сопственост.

22. Ако некој Му заветува на Господа дел од земјиштето што не е дел на неговата сопственост,

23. свештеникот нека му пресмета сразмерна процена до јубилејната година. И во истиот ден нека го исплати износот како Господова светина.

24. Во јубилејната година земјиштето ќе му биде вратено на оној од кого е купено - кому што му припаѓа земјишната сопственост.

25. Секое проценување нека се врши според храмскиот сикал: дваесет гери-пенези еден сикал.’

26. ‘Но никој нека не заветува првородено од добиток. И така првината Му припаѓа на Господа, без оглед дали е од ситен или е од крупен добиток.

27. Ако биде од нечиста стока, може да биде откупена според твојата процена, додавајќи петина кон цената. Ако не биде откупена, нека биде продадена според проценувањето.’

28. Но ништо од „заветуваното”, од она што Му е заветувано на Господа, било тоа да е човек или животно или негово наследено земјиште; ништо што човек Му Го посветил со завет на Господа, не може ни да се продаде ниту да се откупи. Сè што е заветувано е најголема Господова светина.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 27