Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 27:11-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Ако заветуваниот принос биде од нечисто животно што не може да Му се принесува на Господа, нека го доведат животното при свештеникот,

12. па тој нека го процени. Било скапо, било нескапо, нека биде така како што ќе го процени свештеникот.

13. Ако некој сака да го откупи нека додаде петина кон неговата процена.’

14. ‘Ако некој ја посвети својата куќа заветувајќи Му ја на Господа, свештеникот нека процени дали е добра или е лоша. Како што ќе ја процени свештеникот така нека остане.

15. Ако оној, кој ја заветувал куќата сака да ја откупи, нека додаде една петина кон износот на нејзиното оценување, па нека биде негова.’

16. ‘Ако некој Му заветува на Господа дел од земјиштето, во своја сопственост, процени го според неговиот посев: за еден гомер јачмено семе педесет сикли во сребро.

17. Ако го заветува полето во јубилејната година, нека остане според ова проценување.

18. Но ако ја заветува нивата по јубилејната година, свештеникот нека ја пресмета цената во сребро според годините што остануваат до јубилејната година.

19. Ако оној што ја заветувал нивата посака да ја откупи, нека додаде петина кон износот на проценувањето, па нека му остане.

20. Ако не ја откупи нивата, туку ја продаде на друг, не може веќе да ја откупува.

21. Кога полето ќе биде ослободено во јубилејната година, нека Му биде посветено на Господа како заветувано поле и нека стане свештеникова сопственост.

22. Ако некој Му заветува на Господа дел од земјиштето што не е дел на неговата сопственост,

23. свештеникот нека му пресмета сразмерна процена до јубилејната година. И во истиот ден нека го исплати износот како Господова светина.

24. Во јубилејната година земјиштето ќе му биде вратено на оној од кого е купено - кому што му припаѓа земјишната сопственост.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 27