Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 27:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Соопшти им на Израелевите синови и речи им: ‘Кога некој сака да Му направи на Господа завет што вреди колку еден човек,

3. нека ти биде мерка: маж од дваесет до шеесет години возраст, процени го педесет сикли во сребро, според светилишниот сикал;

4. а женско процени го триесет сикли.

5. А за возраст од пет до дваесет години твоето оценување нека биде: за машко дваесет сикли, а за женско десет сикли.

6. Ако е возраста од еден месец до пет години, проценувањето нека ти биде: за машко пет сикли во сребро; а оценката за женско три сикли во сребро.

7. Ако е на возраст од шеесет години или повеќе, оценувањето нека ти биде: за машко петнаесет сикли, а за женско десет сикли.

8. Но ако некој е беден па не може да ја плати својата цена, нека го доведат пред свештеникот, и свештеникот нека го процени. Но свештеникот нека процени според она што заветодавачот може да даде.’

9. ‘Ако заветуваниот принос биде од животните што можат да Му се принесуваат на Господа, секој таков принос на Господа ќе биде свет.

10. Нека не се надоместува ниту заменува со нешто друго - добро за лошо или лошо за добро. Ако се направи замена на едно животно за друго, тогаш и заветуваното и она што го заменило ќе бидат свети.

11. Ако заветуваниот принос биде од нечисто животно што не може да Му се принесува на Господа, нека го доведат животното при свештеникот,

12. па тој нека го процени. Било скапо, било нескапо, нека биде така како што ќе го процени свештеникот.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 27