Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 25:9-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Тогаш засвири во трубата - во седмиот месец, на десеттиот ден на месецот, на Денот на Очистувањето; затрубите во труба ширум низ сета ваша земја.

10. Таа педесетта година прогласете ја за света! Прогласете низ земјата ослободување на сите нејзини жители. Тоа нека ви биде прославна, проштавачка, година: секој нека се врати во својата татковина; секој нека се врати во својот род!

11. Таа педесетгодишница нека ви биде јубилејна година: не сејте, не жнијте што ќе порасте само од себеси, ниту берете од нережана лоза.

12. Зашто прославата треба да биде света. Хранете се со она што ќе донесе нивата од себе.

13. ‘Во јубилејната година секој нека се врати во своето наследство.

14. Затоа, кога му продавате имот на свој сонародник или кога купувате од свој сонародник, не му нанесувајте штета на својот брат!

15. Купувај од својот ближен, откако ќе го одбиеш бројот на годините на прославата; а тој нека ти продава според бројот на годините на плодособирањето.

16. Колку повеќе години, зголеми ја цената; колку помалку години, и цената нека биде помала. Зашто, она што тој ти продава е број на едногодишни полски приходи.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 25