Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 25:51-55 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

51. Ако остануваат уште многу години, нека исплати за својот откуп сребро, сразмерно на цената со која бил купен.

52. А ако остануваат само неколку години до јубилејната година, нека пресмета и нека исплати за својот откуп според годините на службата.

53. Нека биде при него како наемник, во сите години. Тој не смее да господари над него со жестокост, пред твоите очи.

54. Ако не биде откупен вака; тогаш, тој и неговите деца, со него, нека си отидат во јубилејната година;

55. зашто Израелевите синови се Мои слуги; тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог.’

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 25