Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 25:39-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. ‘Ако осиромаши твојот брат, кај тебе, и ако ти се продаде, не присилувај го да ти служи како роб.

40. Нека биде кај тебе како наемник или надничар. Нека служи кај тебе до јубилејната година.

41. Тогаш ослободи го да си отиде од кај тебе; самиот и неговите деца со него; нека се врати во својот род и пак нека ја земе својата дедовина.

42. Затоа што тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од Египетската Земја; не смеат да бидат продавани како робови.

43. Не постапувај грубо со нив и бој се од твојот Бог!

44. А ако сакаш да имаш робови и робинки, можете да ги купите, и машки и женски, од народите што се околу вас.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 25