Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 25:35-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. ‘Ако твојот брат осиромаши и е без средства при тебе; помагај го, како да е странец или гостин, за да може да живее со тебе!

36. Не земај од него ни камата ни печалба. Бој се од својот Бог, и твојот брат нека живее со тебе.

37. Не давај му сребро на заем со камата, ниту му ја давај твојата храна за печалба.

38. Јас, Господ, вашиот Бог, ве избавив од Египетската Земја за да ви ја дадам Ханаанската Земја и за да бидам ваш Бог.’

39. ‘Ако осиромаши твојот брат, кај тебе, и ако ти се продаде, не присилувај го да ти служи како роб.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 25