3. Шест години сеј ја твојата нива, шест години режи го твоето лозје и бери го неговиот плод.
4. А на седмата година и земјата нека ја ужива саботната починка, Господовата сабота: не засевај ги твоите ниви, ниту режи го твоето лозје.
5. Што ќе порасне само од себе на твојата нива, не жнеј го; ниту го бери грозјето од нережана лозница. Тоа нека и биде на земјата година на почивање.
6. Земјината починка ќе ве снабди со исхрана: за тебе, за твојот слуга, за твојата слугинка, за твојот наемник и за придојденецот кој живее со тебе;
7. а и за твојот добиток и за ѕверовите во твојата земја - нејзините плодови нека служат за храна.’
8. ‘Изброј седум седмици такви години, седумпати по седум години. Седум години седмици ќе ти изнесуваат четириесет и девет години.