Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 25:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Зборувај им на Израелците и кажи им: ‘Кога ќе влезете во земјата што ви ја давам, таа земја нека ја пази Господовата саботна починка.

3. Шест години сеј ја твојата нива, шест години режи го твоето лозје и бери го неговиот плод.

4. А на седмата година и земјата нека ја ужива саботната починка, Господовата сабота: не засевај ги твоите ниви, ниту режи го твоето лозје.

5. Што ќе порасне само од себе на твојата нива, не жнеј го; ниту го бери грозјето од нережана лозница. Тоа нека и биде на земјата година на почивање.

6. Земјината починка ќе ве снабди со исхрана: за тебе, за твојот слуга, за твојата слугинка, за твојот наемник и за придојденецот кој живее со тебе;

7. а и за твојот добиток и за ѕверовите во твојата земја - нејзините плодови нека служат за храна.’

8. ‘Изброј седум седмици такви години, седумпати по седум години. Седум години седмици ќе ти изнесуваат четириесет и девет години.

9. Тогаш засвири во трубата - во седмиот месец, на десеттиот ден на месецот, на Денот на Очистувањето; затрубите во труба ширум низ сета ваша земја.

10. Таа педесетта година прогласете ја за света! Прогласете низ земјата ослободување на сите нејзини жители. Тоа нека ви биде прославна, проштавачка, година: секој нека се врати во својата татковина; секој нека се врати во својот род!

11. Таа педесетгодишница нека ви биде јубилејна година: не сејте, не жнијте што ќе порасте само од себеси, ниту берете од нережана лоза.

12. Зашто прославата треба да биде света. Хранете се со она што ќе донесе нивата од себе.

13. ‘Во јубилејната година секој нека се врати во своето наследство.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 25