Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 24:3-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Арон нека го подготвува секогаш пред Господа, од вечер до утро, во Шаторот на средбата, пред завесата на Сведоштвото. Ова е вечен закон за вашите поколенија.

4. Арон нека ги одржува непрекратно светилките на чист светилник пред Господа.”

5. „Потоа земи чисто пченично брашно и од него испечи дванаесет погачи. Во секоја погача нека има две десетини ефа.

6. Потоа нареди ги во два реда - по шест во ред - на чистиот стол што е пред Господа.

7. На секој ред стави чист темјан. Тоа нека биде на лебот за спомен - принос на Господа.

8. Во секоја сабота, постојано, нека бидат положувани пред Господа од Израелевите синови: тоа е вечен Завет.

9. Нека им припаднат на Арона и на неговите синови, кои ќе ги јадат на свето место; зашто тоа е пресвето за нив од Господовите жртви: тоа е вечна одредба.”

10. А синот на една Израелка, роден од татко Египетец, излезе меѓу Израелците и зафати во логорот, караница со еден Израелец.

11. И синот на Израелката го похули името Господово и го проколна. Тогаш го доведоа при Мојсеја. Името на мајка му беше Саломита, Давриина ќерка, од Дановото племе.

12. Го ставија под стража, додека не им се открие Господовата волја.

13. И Господ му рече на Мојсеја:

14. „Изведи го хулителот надвор од логорот. А сите кои го слушнаа нека ги положат своите раце на неговата глава. Тогаш целото општество нека го каменува.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 24