Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 24:16-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. кој ќе изговори хула против Господовото име, нека биде погубен - целата заедница нека го погуби со камења; било да е туѓинец или домородец, ако Го похули Господовото име, треба да умре.

17. Кој ќе убие кој и да е друг човек, треба да и биде предаден на смртта.

18. Кој ќе усмрти животно, треба да го надомести: животно за животно.

19. Кој ќе го повреди својот ближен, нека му биде направено како што сторил тој:

20. скршено за скршено, око за око, заб за заб: каква повреда му направил на човекот, така да му се направи и нему.

21. Кој ќе усмрти животно, треба да го надомести; но кој ќе убие човек, треба да умре.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 24