Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 23:40-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

40. На првиот ден земете: убави плодови, палмини гранки; гранчиња од широколисни дрва и од речни врби, и веселете се пред вашиот Господ Бог седум дена.

41. Прославувајте го Господовиот празник седум дена во годината. Тоа е вечен закон за вашите родови. Празнувајте го во седмиот месец.

42. Живејте под шатори седум дена. Сите родени Израелци нека престојуваат под шаторите,

43. за да знаат вашите поколенија, дека Јас ги населив Израелевите синови под шатори, кога ги изведов од Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог.’”

44. И така Мојсеј им ги објави на Израелците Господовите празници.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 23