Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 23:4-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. ‘А ова се Господови празници - свети собранија - што ќе ги свикувате во нивно одредено време:

5. Во првиот месец на четиринаесеттиот ден во примрак е Господова Пасха;

6. на петнаесеттиот ден на месецот е Празник на бесквасните лебови на Господ - седум дена јадете бесквасен леб.

7. На првиот ден нека ви биде свето собрание; не работите никаква работа.

8. И во тек на седумте денови принесувајте Му жртви на Господа, а на седмиот ден пак нека биде свето собрание; не работите никаква работа.’”

9. Господ Му рече на Мојсеја:

10. „Кажи им на Израелците и речи им: ‘Кога ќе влезете во земјата, што ви ја давам, и кога ќе ја пожнеете во неа жетвата, донесете му го на свештеникот првиот сноп на својата жетва.

11. Тој нека го раздвижи снопот пред Господа, за да биде примен за вас; свештеникот нека го раздвижи утреден по саботата.

12. А во денот на раздвижувањето на снопот, принесете Му на Господа јагне годиначе, без недостаток како паленица.

13. Покрај тоа лебен принос: две десетини ефа чисто пченично брашно, замесено со масло, како палена жртва на Господа, за пријатен мирис; а со неа налевница од вино: четвртина ин.

14. Пред тој ден - додека не ги донесете приносите на вашиот Бог - не смеете да јадете ни леб, ни пржени зрна, ни свежи класови. Тоа е вечен закон за вашите поколенија каде и да престојувате вие.’

15. ‘А почнувајќи од утрешниот ден по саботата - денот во кој донесувате сноп за движен принос - избројте полни седум седмици.

16. Тогаш на денот по седмата сабота, на Педесетница, принесете Му на Господа нов лебен принос.

17. Донесете му од вашите живеалишта по два леба за движен принос. Секој нека биде од две десетини ефа чисто брашно; нека бидат испечени со квас, како првини на Господа.

18. Со лебот принесете седум јагниња годиначиња без недостаток, еден јунец и два овна како паленица на Господа, заедно со лебен принос и налевница, палена жртва за благопријатен мирис на Господа.

19. Принесете исто и еден јарец како жртва за грев, а две јагниња годиначиња за помирителна жртва.

20. Свештеникот нека ги принесе пред Господа како движен принос со лебот од првите плодови. Покрај двете јагниња и ова е свето на Господа, и нека му припадне на свештеникот.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 23