Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 23:35-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. На првиот ден, во денот на светиот собир, не работите никаква работа.

36. Седум дена принесувајте Му жртва на Господа. На осмиот ден нека ви биде свето собрание, кога ќе Му принесете жртва на Господа. Тоа е свечено собрание, не работите никаква работа.’

37. ‘Тоа се Господови празници, во кои ќе свикувате свети собранија, за да Му принесувате жртви на Господа: паленици, лебни приноси, жртви закланици и налевници, секоја во нејзин определен ден,

38. освен Господовите саботи, и освен вашите дарови, освен вашите завети и освен доброволните подароци што Му ги принесувате на Господа.’

39. ‘А на петнаесеттиот ден во седмиот месец, откако ќе ги соберете плодовите на земјата, празнувајте Господов празник седум дена. На првиот и на осмиот ден нека е починка.

40. На првиот ден земете: убави плодови, палмини гранки; гранчиња од широколисни дрва и од речни врби, и веселете се пред вашиот Господ Бог седум дена.

41. Прославувајте го Господовиот празник седум дена во годината. Тоа е вечен закон за вашите родови. Празнувајте го во седмиот месец.

42. Живејте под шатори седум дена. Сите родени Израелци нека престојуваат под шаторите,

43. за да знаат вашите поколенија, дека Јас ги населив Израелевите синови под шатори, кога ги изведов од Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог.’”

44. И така Мојсеј им ги објави на Израелците Господовите празници.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 23