Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 23:31-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Не работите никаква работа; тоа е вечен закон за вашите поколенија, во сите ваши живеалишта.

32. Тоа нека ви биде сабота на починка; смирете ги вашите души! Вечерта на деветтиот ден на месецот - од вечер до вечер - празнувајте ја вашата сабота.”

33. Господ му рече на Мојсеја:

34. „Речи им на Израелците: ‘Од петнаесеттиот ден на седмиот месец нека се празнува седум дена Празникот на сениците, во чест на Господа.

35. На првиот ден, во денот на светиот собир, не работите никаква работа.

36. Седум дена принесувајте Му жртва на Господа. На осмиот ден нека ви биде свето собрание, кога ќе Му принесете жртва на Господа. Тоа е свечено собрание, не работите никаква работа.’

37. ‘Тоа се Господови празници, во кои ќе свикувате свети собранија, за да Му принесувате жртви на Господа: паленици, лебни приноси, жртви закланици и налевници, секоја во нејзин определен ден,

38. освен Господовите саботи, и освен вашите дарови, освен вашите завети и освен доброволните подароци што Му ги принесувате на Господа.’

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 23