Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 23:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Шест дена се работи, а седмиот е сабота - ден на потполн одмор, свет собир, кога не смеете да работите никаква работа. Тоа е Господова сабота во сите ваши живеалишта.’

4. ‘А ова се Господови празници - свети собранија - што ќе ги свикувате во нивно одредено време:

5. Во првиот месец на четиринаесеттиот ден во примрак е Господова Пасха;

6. на петнаесеттиот ден на месецот е Празник на бесквасните лебови на Господ - седум дена јадете бесквасен леб.

7. На првиот ден нека ви биде свето собрание; не работите никаква работа.

8. И во тек на седумте денови принесувајте Му жртви на Господа, а на седмиот ден пак нека биде свето собрание; не работите никаква работа.’”

9. Господ Му рече на Мојсеја:

10. „Кажи им на Израелците и речи им: ‘Кога ќе влезете во земјата, што ви ја давам, и кога ќе ја пожнеете во неа жетвата, донесете му го на свештеникот првиот сноп на својата жетва.

11. Тој нека го раздвижи снопот пред Господа, за да биде примен за вас; свештеникот нека го раздвижи утреден по саботата.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 23