Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 23:14-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Пред тој ден - додека не ги донесете приносите на вашиот Бог - не смеете да јадете ни леб, ни пржени зрна, ни свежи класови. Тоа е вечен закон за вашите поколенија каде и да престојувате вие.’

15. ‘А почнувајќи од утрешниот ден по саботата - денот во кој донесувате сноп за движен принос - избројте полни седум седмици.

16. Тогаш на денот по седмата сабота, на Педесетница, принесете Му на Господа нов лебен принос.

17. Донесете му од вашите живеалишта по два леба за движен принос. Секој нека биде од две десетини ефа чисто брашно; нека бидат испечени со квас, како првини на Господа.

18. Со лебот принесете седум јагниња годиначиња без недостаток, еден јунец и два овна како паленица на Господа, заедно со лебен принос и налевница, палена жртва за благопријатен мирис на Господа.

19. Принесете исто и еден јарец како жртва за грев, а две јагниња годиначиња за помирителна жртва.

20. Свештеникот нека ги принесе пред Господа како движен принос со лебот од првите плодови. Покрај двете јагниња и ова е свето на Господа, и нека му припадне на свештеникот.

21. На истиот ден свикајте собир, нека ви биде свет собир, не работите никаква работа. Тоа е вечен закон за вашите поколенија каде и да живеете вие.

22. Кога ќе ја жнеете жетвата на вашата земја, не дожневајте ги докрај вашите ниви, ниту собирајте после вашата жетва. Остави им го тоа на бедните и на придојдениците. Јас Сум Господ, ваш Бог.’”

23. Господ му рече на Мојсеја:

24. „Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Во седмиот месец, на првиот ден на месецот, нека ви биде потполн одмор, прогласен со звук на труби, свет собир.

25. Не работите никаква работа и принесете Му жртва на Господа.’”

26. Господ му рече на Мојсеја:

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 23