1. Господ му рече на Мојсеја:
2. „Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Господовите празници, што ќе ги свикувате, се свети собири. Овие се Мои празници:
3. Шест дена се работи, а седмиот е сабота - ден на потполн одмор, свет собир, кога не смеете да работите никаква работа. Тоа е Господова сабота во сите ваши живеалишта.’
4. ‘А ова се Господови празници - свети собранија - што ќе ги свикувате во нивно одредено време:
5. Во првиот месец на четиринаесеттиот ден во примрак е Господова Пасха;
6. на петнаесеттиот ден на месецот е Празник на бесквасните лебови на Господ - седум дена јадете бесквасен леб.
7. На првиот ден нека ви биде свето собрание; не работите никаква работа.
8. И во тек на седумте денови принесувајте Му жртви на Господа, а на седмиот ден пак нека биде свето собрание; не работите никаква работа.’”
9. Господ Му рече на Мојсеја:
10. „Кажи им на Израелците и речи им: ‘Кога ќе влезете во земјата, што ви ја давам, и кога ќе ја пожнеете во неа жетвата, донесете му го на свештеникот првиот сноп на својата жетва.