Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 22:8-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Нека не јаде ни мрша ни раскинато од ѕверови, за да не се онечисти со тоа. Јас Сум Господ.

9. Нека ги пазат Моите повелби, за да не навлечат вина врз себеси и, онечистувајќи се со неа, за да не загинат заради неа. Јас, Господ, ги осветувам нив.’

10. ‘Ниеден туѓинец да не јаде од светината; ни свештениковиот гостин, ни наемникот, не смеат да јадат од светиот принос.

11. Ако свештеникот купи некого за сребро, тој може да јаде како и оној, кој се родил во неговиот дом; тие можат да јадат од неговиот леб.

12. Ако свештеникова ќерка се омажи за туѓинец, не смее да јаде од воздигнатите свети приноси.

13. Но ако свештениковата ќерка стане вдовица или биде оставена, а нема деца, па се врати во татковата куќа, може да се храни со лебот на татка си, како во својата младост. Ниеден туѓинец не смее да јаде од него.

14. Ако некој јаде свет принос од незнаење, нека му го надомести на свештеникот, додавајќи петина.

15. Нека не ги сметаат за безвредни светите приноси што Израелците Му ги принесуваат на Господа.

16. И јадејќи ги светините, би навлекле врз себе, вина за престап, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’”

17. Господ му рече на Мојсеја:

18. „Зборувај им на Арона, на неговите синови и на сите Израелци и речи им: ‘Секој човек од Израелевиот дом или странец во Израел кој донесува свој принос - како завет или како доброволен дар, за да се принесе на Господа како паленица - за да биде примен,

19. треба да биде принесено машко, без недостаток, било да е говедо, овца или коза.

20. Не принесувајте ништо со недостаток на него, зашто тоа нема да ви биде примено.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 22